Светскиот ден на витилиго, хронична кожна болест која се карактеризира со губење на пигментот и формирање на бели дамки на телото, се одбележува на 25 јуни за да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат заболените секој ден.
Витилиго е хронична, автоимуна состојба во која имунолошкиот систем погрешно ги уништува меланоцитите – клетки одговорни за производство на меланин, пигментот што ѝ ја дава бојата на кожата. Дефинираните бели дамки следствено најчесто се појавуваат на лицето, рацете, лактите, колената, околу очите и усните, но можат да влијаат на кој било дел од телото. Иако витилигото не е заразно и не претставува закана за физичкото здравје, оваа болест силно влијае на психолошкото и социјалното функционирање на заболените.
Витилигото создава естетски, но и силни психосоцијални проблеми. Кај луѓето со потемна кожа, контрастот помеѓу здравата и депигментираната кожа е уште поизразен, што дополнително го влошува чувството на стигматизација.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.
Tagged as:
Светски ден на Витилиго – кожна болест која предизвикува губење на пигментот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
