Ќерката на легендарниот Брус Вилис (70), Талула Вилис, неодамна објави новости за својот татко, а нејзиниот потег беше критикуван од многумина.
На својот инстаграм-профил, 31-годишната Талула објави низа трогателни моменти: на една фотографија седи на подот и го држи татко си за рака, на друга насмеани се прегрнуваат, а на третата е свршеникот на Талула кој позира со Брус.
„Неделно дружење кај баба! Благодарна“, напиша таа покрај објавата, која предизвика мноштво реакции. Многу обожаватели беа среќни што видоа нови фотографии од Брус, но некои ја критикуваа Талула за споделувањето на сликите.
Сега Талула Вилис одговори на критиките, објаснувајќи зошто одлучила да ги објави.
Според пишувањето на „Пејџ сикс“, еден обожавател коментирал со презир за фотографиите на Брус Вилис што ги објавила Талула.
„Не мислам дека треба да го изложуваш татко ти на јавноста! Тој е ранлив, не му го прави тоа, некои работи треба да останат приватни! Немаш негова дозвола да го објавуваш тоа!“, напиша еден следбеник.
Како одговор, Талула објаснила: „Здраво. Го слушам тоа. Како семејство, ја користиме нашата дискреција кога објавуваме. Денеска беше одличен ден исполнет со насмевки. Одлучив да му го покажам тоа на светот, бидејќи знам што тој им значи на сите.“
Што се однесува до позитивните коментари за новостите за Брус Вилис, еден обожавател рекол: „Ти благодарам, убава девојко. Навистина е дарежливо од тебе што ни дозволи да ги видиме овие моменти, бидејќи знаеш колку и ние го го сакаме.“
Други зборуваа за тоа колку е важно за Талула и остатокот од нивното семејство да споделуваат и да покажуваат љубов кон Брус во овој период.
Други во коментарите го сметаа за едукативно во смисла дека им помага на другите кои имаат членови на семејството со иста дијагноза.