Божиновска тврди дека не е откажан поради брзата пруга

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10.

Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика.

Донесен е десетгодишен план за развој на преносната мрежа, воведена е методологија за енергетска сиромаштија, обезбедена е забрана за исклучување на струја  во зимските месеци за ранливите домаќинства. Исто така, лани 7000 семејства добиле ваучери за инвертер клима уреди, а годинава ќе бидат обезбедени 60 милиони денари за поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства.

Од Министерството најавуваат дека до крајот на годинава  ќе се донесат закони за обновливи извори, за енергетска ефикасност, за јавно-приватно партнерство, за геологија и рударство со кој првпат се заштитува македонскиот рубин како национално богатство.

Во првиот квартал од годинава се наплатени 247 милиони денари за експлоатација на минерални суровини, двојно повеќе од лани.

Една година по основањето Министерството  има 109 вработени, 53 жени и 56 мажи.

Share This Article