„Израел. Не ги фрлај бомбите. Ако го направите тоа, ќе биде сериозно кршење на примирјето. Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!“
Вака напиша американскиот претседател Доналд Трамп среде зголемените тензии меѓу Иран и Израел откако утринава, 24 јуни, беше прекршено договореното примирје меѓу двете земји.
Израел го обвини Иран за кршење на прекинот на огнот, предупредувајќи за силен воен одговор.
Подоцна, во разговор со новинарите, Трамп рече дека „не е задоволен“ од однесувањето на Израел по договорот за прекин на огнот што го постигна со посредство на него, пренесува Индекс.
– Очигледно, една ракета беше испалена по истекот на рокот за примирје, а сега Израел влегува во акција. Овие луѓе треба да се смират.
Тој додаде дека „не му се допаднало многу“ од она што го видел претходниот ден:
– Не ми се допадна начинот на кој Израел реагираше веднаш откако се согласивме за прекинот на огнот. Не мораа да го прават тоа.
Во својата најдиректна изјава досега, Трамп рече:
– Имаме две земји кои се борат толку долго и толку силно што веќе не знаат што, по ѓаволите, прават.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
