Израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху ја пофали „храбрата одлука“ на американскиот претседател Доналд Трамп да ги бомбардира нуклеарните постројки на Иран, велејќи дека одлуката ќе „го промени текот на историјата“.Американските сили бомбардираа три ирански нуклеарни постројки рано наутро во недела, вклучувајќи го и Фордоу, кој е закопан во планина.
„Историјата ќе го памети тоа што претседателот Трамп дејствуваше за да го спречи најопасниот режим во светот да се здобие со најопасното оружје во светот“, рече Нетанјаху во говорот.
Иранската нуклеарна програма го загрози нашиот опстанок и го загрози светскиот мир, изјави израелскиот премиер, цитиран од Ројтерс.
Нетанјаху нагласи дека нападот врз нуклеарната програма бил извршен „во целосна координација“ со Израел, додавајќи дека американскиот претседател го повикал веднаш штом бил извршен нападот.
Израел го нападна Иран на 13 јуни, тврдејќи дека го спречил Техеран да изгради нуклеарна бомба. Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е само за мирни цели.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖