Поради обилните врнежи од дожд што попладнево го зафатија Охрид, екипите на јавните претпријатија излегоа на терен и интервенираа на повеќе локации со отворање на шахтите од атмосферската канализација. Овие активности се преземаат за да се обезбеди побрзо одведување на надојдените води и да се спречи задржување на дождовницата на коловозите и тротоарите.
Се упатува апел до учесниците во сообраќајот да се движат со зголемено внимание, а до пешаците да бидат претпазливи заради нивна лична безбедност.
Екипите на јавните претпријатија остануваат на терен до нормализирање на состојбата на јавните површини во Општина Охрид.