Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 20 јуни просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 88,22 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 96,96 евра/mwh, соопшти компанијата ЕДС Инфо поинт.
Според податоците на компанијата, цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 25,04 евра за мегават час, а на MEMO 30,27 евра.
Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува 44,00 евра, додека цена според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 40,86 евра.
„Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот, тимот нa ЕДС ја подготви оваа информација, имајќи ја предвид важноста е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовно подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето“, порачуваат од компанијата.
Според ЕДС Инфо поинт, информациите за движењето на цената на електрична енергија и на природниот гас може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.