Познатиот американски кулинарски магазин „Тејст оф хоум“ ова лето вклучи еден „невообичаен“ коктел во своите препораки: освежителна мешавина од црвено вино и „кока-кола“. За американскиот пазар, ова е неочекувано добар летен пијалак, но во поранешна Југославија, тој е одамна познат под името бамбус.
Во својот летен водич за коктели, магазинот го опишува бамбусот како овошен, лесно пенлив и совршен за топли денови. Комбинацијата на вино и „кока-кола“, велат, нуди баланс помеѓу танините и слаткоста, со дополнителна свежина благодарение на газираноста. За Американците, можеби е изненадување, но во земјите од поранешна Југославија, тоа е легенда меѓу пијалаците.
Во земјите од поранешна Југославија бамбусот е незаменлив дел од студентските забави, дружби на скара, журки на плажа и домашни забави уште од 70-тите и 80-тите години на минатиот век.
Повеќе за ова прочитајте на „Арт кујна“.
Фото: Pexels