Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение за стопирање на изградбата на објект во заштитената зона на Старото градско јадро во Охрид, откако при вонредна контрола било утврдено дека инвеститорот градел без одобрение за градба.
Како што информираат од Инспекторатот, станува збор за објект што се гради во Старата охридска чаршија, во строго заштитена зона која е дел од светското наследство на УНЕСКО.
– Со решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор, издадено од страна на Државниот инспекторат, изградбата е стопирана, а објектот затворен за понатамошни градежни активности – велат од Инспекторатот.
Поради непочитување на одредбите од Законот за градење, против инвеститорот ќе бидат поднесени соодветни пријави, а засилените контроли на инспекциските служби ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава.
Од Инспекторатот нагласуваат дека заштитата на Старото градско јадро на Охрид е од суштинско значење за да се спречат дејства и појави што можат да доведат до уништување или деградација на ова културно-историско подрачје, кое уште од 1980 година е впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖