Редакцијата на Охридскај се обрати до СВР Охрид со прашање за активностите што се преземаат во полето на превенција и едукација на млади шофери.
Како одговор на прашањето, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави:
“Во полето на едукацијата и превенцијата, СВР Охрид од почетокот на годинава има реализирано околу 100 сообраќајно-превентивни кампањи за поголема безбедност во сообраќајот со поставување на сообраќајни пунктови на различни сообраќајници во градот и околината.”
Овие активности се дел од континуираните напори за подигање на свеста за важноста на безбедното возење и намалување на бројот на сообраќајни несреќи.
С.Д.