Шокантно откритие го вознемири 39-годишниот жител на Кавадарци, кој при реновирање на неговиот дом пронашол 18 парчиња стар експлозив и два стари фитили вградени во ѕидовите на куќата.
Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес, случајот бил пријавен синоќа околу 20:40 часот во ОВР Кавадарци од страна на лицето Н.М. По пријавата, на местото излегле пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, кои безбедно ги отстраниле сомнителните предмети. Извршен бил и увид од полициска екипа.
Од МВР засега не соопштуваат од кога потекнува експлозивот, ниту дали куќата била користена од други лица во минатото.