Во Техеран е 9:00 часот наутро, додека Иранците се соочуваат со шестиот ден бомбардирање од Израел. Еве резиме на она што го научивме преку ноќ, по веста дека официјални лица во
САД размислуваат да се приклучат на израелската офанзива во Иран, тврди Би-Би-Си во своето известување за конфликтот меѓу Израел и Иран кој трае шест ден. Американскиот претседател одржал 90-минутен состанок со својот тим. Неговите советеници биле поделени во врска со ова прашање.
Би-Би-Си пишува дека доколку САД се вклучат во конфликтот, една од потенцијалните цели би бил нуклеарниот погон Фордо во Иран.
„Базата е длабоко под земја и само Американците имаат бомба тешка 13,5 тони способна да ја уништи, пишува безбедносниот дописник Френк Гарднер. Советниците на Трамп се поделени во врска со овој потег, за кој експертите велат дека ‘целосно ќе го промени конфликтот“, се вели во написот.
Во изминатите три дена, најмалку 30 американски воени авиони-танкери што се користат за полнење гориво на борбени авиони и бомбардери беа однесени во Европа. Познатата веб-страница Флајтрадар објави дека два од авионите-танкери се приземјиле во Шпанија.
Не е познато каде беа упатени авионите кои полетаа кон исток. Една од можностите е тие да учествуват во воената вежба во Финска наречена „Атлантик Тридент 25“.
Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта ги нападнала погоните за производство на центрифуги за ураниум и фабриките за оружје во Иран, на шестиот ден од својата оофанзива.
Овие напади, извршени од „повеќе од 50 авиони“, биле насочени кон „погон за производство на центрифуги во Техеран“, како и „неколку погони за производство на оружје, вклучувајќи погони што произведуваат суровини и компоненти што се користат за склопување ракети земја-земја“, се вели во соопштението на војската.
Во меѓувреме, Иран продолжи со одмаздничките напади врз Израел од почетокот на конфликтот. Ноќта на 18 јануари, Техеран испали хиперсонична ракета Фата-1 кон Тел Авив.
Tagged as:
Само Американците имаат доволно тешка бомба за да го уништат Фордо
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖