Background

Поради пожар во близина на ормарот за електронско управување се активирала автоматската заштита

Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е активирање на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување, соопштија од ЕСМ

„Со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагираа согласно оперативните протоколи. За случајот е известена криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот со цел утврдување на сите околности3, се наведува во соопштението.

По завршувањето на полицискиот увид, стручни екипи од РЕК Битола веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата.

- Advertisement -
Ad image

Во изминатиот период, производството на електрична енергија во РЕК Битола се одвива со намален капацитет. Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт, додека Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради актуелните намалени потреби за електрична енергија од страна на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Задоволувањето на потребите за електрична енергија на државата во целост е обезбедено преку зголемено производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку купопродажба на енергија од МЕМО.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation