Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за образование и наука потсетува дека денес е последен ден за поднесување апликации во рамки на првото пријавување од јунскиот рок за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година.

Апликации можат да се поднесуваат до крајот на денот. Второто пријавување е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.

– Потсетуваме дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Истовремено, реагираме и ги демантираме написите во дел од медиумите, каде е наведено дека системот отежнато функционира или целосно е блокиран. Не постојат никакви предизвици во работата на платформата, на која досега се поднесени 13.200 апликации, односно поголемиот дел од полуматурантите веќе се пријавени за продолжување на образованието. Министерството им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето – велат од Министерството.

Конкурсот со слободни места е објавени на овој линк.

Share This Article