Милијардерот Илон Маск повторно ја збуни јавноста откако на својот профил објави фотографија од тест за дрога – и тоа со еден единствен коментар: „Лол“.
Резултатите прикажуваат дека Маск не е позитивен на ниту едно од тестираните психоактивни супстанци. Овој потег доаѓа само неколку дена по текстот на „Њујорк тајмс“, во кој беше наведено дека Маск наводно користел кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на минатогодишната изборна кампања.
Во статијата, која се повикува на приватни пораки и сведоштва од над 10 лица кои работеле со Маск или го познаваат лично, се наведува дека милијардерот наводно често се потпирал на супстанци за справување со притисоците.
Маск претходно јавно изјави дека користи мали дози кетамин за да ги ублажи депресивните епизоди и дека тоа позитивно влијае врз неговата продуктивност. Но, некои извештаи посочуваат дека не сите околу него биле комфорни со тоа. „Волстрит џурнал“ минатата година објави дека членови на одборот на „Тесла“ биле сериозно загрижени за неговото здравје, особено поради користење на „амбиен“, лек за несоница.
Објавата на Маск сега се толкува како обид да ги замолчи гласините и да ја демонстрира својата транспарентност, на свој, провокативен начин.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖