Инвестиции од 2 милијарди денари во образованието

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во образованието е во тек инвестициски циклус вреден 2 милијарди денари (32,5 милион евра), рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за ветувањето дека ќе се подобри инфраструктурата во образованието.

– Што се однесува до Министерството за образование, тука имаме инвестиции од околу 2 милијарди денари, 7 комплетно нови училишта и 20 кои се реновираат, 4 нови спортски сали, 2 студентски дома. Дел од билатералниот стратешки договор со Обединетото Кралство е изградба на нов медицински факултет во рамките на новиот клинички центар во Штип и студентски дом со 200 легла. Очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на факултетите ФИНКИ и Факултетот за физикакултура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, но и почетокот на изградбата на комплексот на Универзитетот „Мајка Тереза“ – рече Мицкоски.

Share This Article