Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 47-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 47-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 23.06.2025 година (понеделник) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна програма за изменување и дополнување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна програма за дополнување на годишната програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за одобрување средства од буџетот на општина Дебрца за кофинансирање на проект : “Јакнење на капацитетите на ЈПКД Дебрца преку набавка на опрема“
- Предлог – Одлука за прифаќање на донација од страна на Центарот за развој на Југозападен плански регион
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски