Пренџов тврди дека ова е најдобриот договор досега за нашата земја

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во емисијата „Анализа“ на телевизија 24 гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој уште на самиот почеток ги разјасни дилемите околу договорот со Обединетото Кралство, нагласувајќи ги сите позитивни аспекти и придобивки за Македонија.

– Она коешто е политички добро за нашата држава е тоа што Обединетото Кралство е наш гарантор, важно е да знаат граѓаните дека Британија има најдобар кредитен рејтинг во светот, важно е да знаат дека каматната стапка којашто ние ќе ја земеме ќе биде како за Велика Британија, тоа ќе биде најниска каматна стапка којашто ја има моментално на пазарот, тие нас ни се како гарантор или жирант. Политичката поддршка на Република Македонија од страна на Обединетото Кралство на Велика Британија е таква да тие потпишаа со нас договор којшто вели дека ние сме гарантор за Република Македонија и да не може да ги плаќаат парите, позади нив стои како гарантор Велика Британија – објасни Пренџов.

Пренџов истакна дека Велика Британија има најниска каматна стапка и најдобар кредитен рејтинг и потенцираше дека парите ќе се плаќаат кога проектите ќе бидат веќе завршени.

– Каматната стапка на Велика Британија секогаш е најниска бидејќи има најдобар кредитен рејтинг, многу е важно да се нагласи дека оваа Влада денес ги научи лошите лекции од претходните влади, не може да се плаќа предвреме па потоа некој да работи, денес со овие договори од кога ќе заврши проектот од тогаш почнуваме да плаќаме и тоа е многу добро бидејќи од една страна се однесувате одговорно кон парите на даночните обврзници на Република Македонија а од друга страна оној којшто проектира и тоа како има интерес побрзо да го заврши – рече Пренџов.

Пратеникот објасни дека Владата транспарентно ги најавува чекорите кои следат, како и дека изградбата на пругата носи голем бенефит за Република Македонија.

– Транспарентно чекор по чекор ги најавуваме работите, знаеме кој стои позади нас, ништо не се крие од договорот, имаме сила којашто застанува позади нас и сака да ни помогне, зошто да не ја искористиме таа шанса? Согласно проценките коишто ги кажа директорот на железници и инфраструктура оваа пруга годишно ќе носи околу 180 милиони евра чисти пари за државата, денес доаѓаат Британците со својата експертиза, со начинот и модалитет на изведување на овие работи, ние сме мала држава и ние мораме да бидеме екстремно мобилни, многу е важно како сме ние поврзани во секојдневниот живот, многу е важно за оние места коишто ни изумираат во Република Македонија, многу е важна добрата комуникација – дециден е Пренџов.

Share This Article