Background

Владата обезбеди 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември

Владата обезбеди 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември, соопшти владината прес служба.

Како што е соопштено, секој ученик запишан во дуалните паралелки кој ќе ги исполни условите ќе добива по 3.500 денари во текот на учебната година (9 месеци).

Стипендиите ќе се доделат за учениците за учебната 2025/2026 година.

- Advertisement -
Ad image

-Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки. Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки – велат од владата.

Како Влада, додаваат оттаму, правиме конкретни чекори за унапредување на образованието и создаваме кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите.

-Преку ова ја намалуваме невработеноста, но и ги стимулираме младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија. Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија – наведуваат од владата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation