На самитот на Г7, каде светските лидери зборуваа за сериозни теми како растечкиот конфликт меѓу Израел и Иран, камерите фатија момент кој беше сè, само не дипломатски. Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше снимена како буквално ги превртува очите откако францускиот претседател Емануел Макрон ѝ шепна нешто на уво.
Сцената се случи во средина на една од формалните сесии. На видеото што бргу стана вирално, се гледа како Мелони се наведнува кон Макрон, тој ѝ шепоти нешто — и потоа нејзината гримаса кажува повеќе од илјада зборови. Без ниеден збор, нејзината реакција предизвика бура на социјалните мрежи. Корисниците се натпреваруваат во шпекулации: Што ѝ кажал Макрон за да предизвика толку непријатен поглед?
И сето ова доаѓа откако пред неколку месеци јавноста сведочеше сосема поинаква атмосфера меѓу овие двајца лидери.
На средбата пред десетина дена на Мелони и Макрон во Рим беше наречена „ново отворање“ во односите меѓу Италија и Франција. Тогаш сцените беа сосема различни: срдечни прегратки, насмевки, дури и неколку бакнежи во образ. Камерите го фатија Макрон како внимателно гледа во Мелони, додека таа изгледаше видно расположена.
Тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да си постават прашања од поинтимна природа: „Дали гледаме дипломатска средба или нешто повеќе?“, „Дали Макрон е фасциниран од Мелони?“ — беа само дел од коментарите.
Иако во минатото имале жестоки несогласувања, Мелони тогаш изјави дека проблемите со Париз биле „политички, не лични“. Средбата била иницирана токму од Макрон, кој, според француски извори, сакал „да ги зближи Европејците, но и да изгради конструктивна соработка со неа“.
На самитите на Г-7 секогаш има дипломатски протокол, скапи костими и внимателно избрани зборови. Но една едноставна гестикулација, превртување со очи, направи повеќе врева отколку сите говори заедно.
Дали Макрон премина граница со своето шепотење? Или Мелони едноставно изгуби трпение поради темата? Одговорот можеби никогаш нема да го дознаеме, но интернетот веќе си ја има својата верзија