Непосредно пред 3 часот наутро по централноевропско време, Израел објави крај на иранските напади што траеја околу четири часа во текот на ноќта од понеделник до вторник. Во последните часови од понеделник, иранските сили извршија нов, комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз бројни цели во Израел, објави иранската државна телевизија.
Трамп: Сите треба веднаш да го напуштат Техеран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика жителите на Техеран да го напуштат иранскиот главен град неколку часа откако Израел издаде наредба за евакуација на жителите на голем дел од Техеран.
„Иран требаше да го потпише договорот што им реков да го потпишат. Каква срамота и губење човечки живот. Едноставно кажано, ИРАН НЕ МОЖЕ ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ. Го кажав тоа одново и одново! Сите треба веднаш да го напуштат Техеран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.