Background

Повеќе од 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески

Повеќе од 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој беше во работна посета на општина Неготино, пред присутни заинтересирани, беше презентиран оперативниот план за вработување.

Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од најпопуларните и најатрактивните мерки, самовработувањето. Оваа мерка ќе трае до петок.

– Ги повикувам неготинчани за кои знам дека се креативни, да се охрабрат и да ги приложат своите бизнис идеи. Се надевам дека голем дел од нивните бизнис планови и идеи, ќе бидат реализирани со овој оперативен план – истакна тој.

- Advertisement -
Ad image

Заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова рече дека оперативниот план е клучен документ што го имплементира Агенцијата.

– Документот ја изразува нашата заложба за инклузивен и развоен пазар на труд, за намалување на невработеноста, зголемување на вработеноста и создавање на одржливи работни места – нагласи таа.

Како в.д. директорка на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска ја појасни постапката, што треба да ја спроведе, секој еден што сака да основа бизнис.

Настанот беше во рамки на активностите за промоцијата пред јавноста на мерките и активностите кои произлегуваат од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, а информативниот ден беше реализиран во салата на Советот на Општина Неготино.

Присутните имаа можност подетално да се информираат за Оперативниот план за вработување и останатите мерки на Министерството за економија и труд. Се работи за мерките и активностите од планот за кој годинава, како што беше кажано, биле издвоени рекордни 40 милиони евра, бил најголем и најобемен досега, а главниот акцент бил на младите.

Објавени се три огласи од Оперативниот план за вработување, наменети за самовработување на лица. Поддршка за самовработување на лица над 29 години, со финансиска поддршка за 610 лица до 430.500 денари (7.000 евра), поддршка за самовработување за млади лица до 29 години со финансиска поддршка за 720 лица до 615.000 денари (10.000 евра), самовработување во партнерство (регистрација како ДОО со 2 лица), со финансиска поддршка од 861.000 денари до 1.230.000 денари за 400 лица вработени во ново-основани правни субјекти, од кои 220 лица до 29 години. За сите кои ќе добијат средства, се предвидени обука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини – Ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.

Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 20 јуни 2025 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation