Поради зголемениот обем на барања, МВР ги известува родителите дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период ќе работи од 08.00 до 18.00 часот.
Целта е да се одговори на сите барања на граѓаните, кои во овој период од годината се зголемени.
фото: МВР