Славески бил информиран и за подготвеноста на банките за пристапување во СЕПА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора за граѓаните и за развојот на домашната економија.

Ова беше една од централните пораки на средбата меѓу гувернерот на Народната банка Трајко Славески и раководството на Македонската банкарска асоцијација (МБА), претседателката Маја Стевкова Штериева и заменик-претседателот Бојан Стојаноски, соопшти Народна банка.

Гувернерот Славески истакнал дека банкарскиот сектор кај нас е добро капитализиран, со стапка на адекватност на капиталот од 19%, што овозможува отпорност и во услови на евентуални шокови.

-Народната банка преку добро поставените политики обезбедува стабилна и предвидлива средина. Тоа е предуслов за банките да ги исполнат очекувањата на граѓаните и компаниите – со сигурни, достапни и со квалитетни услуги –  рече гувернерот.

На средбата, како што се наведува во соопштението, посебен акцент бил ставен на потребата од натамошно унапредување на конкуренцијата во платниот промет, особено преку финтек-иновации и нови технологии.

Во таа смисла било отворено и прашањето за напредокот во пристапувањето на банките кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

Притоа било  нагласено дека крајниот рок за поднесување на барањата е 5 октомври оваа година и дека се очекува од банките да ги засилат активностите за навремено исполнување на оваа важна стратегиска цел, со која ќе се подобри интеграцијата и ефикасноста на прекуграничните плаќања.

Во однос на монетарната политика, гувернерот истакнал дека Народната банка внимателно ги следи движењата на внатрешните и надворешните фактори на ризик.

Секоја идна одлука за основната каматна стапка ќе биде донесена врз основа на детални макроекономски анализи, со цел да се зачува ценовната стабилност и да се поддржи економската активност. 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article