Полицијата во американската држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот сопруг, изјави вчера гувернерот на Минесота, Тим Волц

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата во американската држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот сопруг, изјави вчера гувернерот на Минесота, Тим Волц.

Канцеларијата на окружниот шериф објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа апсењето на осомничениот вооружен напаѓач, 57-годишниот Ванс Лутер Белтер.

Тој е обвинет за убиство од втор степен и обид за убиство од втор степен за убиството на двојката во нивниот дом и обидот за убиство на друг демократски политичар и неговата сопруга во нивниот дом.

Осомничениот беше приведен вчера вечерта во округот Сибли, во јужна Минесота, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на полициски службеници.

Наводниот сторител, според истрагите на американските медиуми, работи во индустријата за обезбедување. Пред апсењето на осомничениот, во близина бил пронајден автомобил за кој се сомневало дека му припаѓал. Мажот избегал по злосторството во саботата, што предизвика голема потера по него.

Рано наутро во саботата, вооружениот напаѓач ги уби демократската претставничка Мелиса Хортман, членка на државното собрание на Минесота, и нејзиниот сопруг Марк во нивниот дом во градот Бруклин Парк. Во одделен напад во блискиот Чамплин, демократскиот државен сенатор Џон Хофман и неговата сопруга Ивет беа застрелани и сериозно повредени.

Властите веруваат дека нападите биле политички мотивирани.

Share This Article