Иран ќе плати „многу висока цена“ за намерните напади врз израелските цивили, изјави денеска премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, за време на посетата на Бат Јам, јужно од Тел Авив, каде што во ирански ракетен напад загинаа најмалку 6 лица.
– Ќе ја постигнеме нашата цел и ќе им зададеме тежок удар. Ќе ја почувствуваат силата на нашата рака. Ракетната програма на Иран претставува егзистенцијална закана за Израел. Само помислете што би се случило ако Иран имаше нуклеарно оружје што би можел да го лансира врз израелските граѓани – рече Нетанјаху, пренесува ДПА.
Две деца се меѓу шестемина убиени од иранска ракета што погоди станбен блок во градот денеска во раните утрински часови. Спасувачки екипи во урнатините трагаат по уште седуммина кои сè уште се водат како исчезнати. Според официјалните израелски извештаи, најмалку 13 лица се убиени, а 390 повредени во иранските напади кои беа изведени како одмазда за израелските напади од раните утрински часови во петокот врз цели во Иран.
– Израелските напади врз цели во Иран ќе продолжат сè додека не се постигнат стратешки цели. Иранците очигледно напаѓаат цивилни цели, додека Израел се фокусира на воените објекти и на иранската нуклеарна програма – изјави шефот на израелската дипломатија, Гидеон Саар, во телефонски разговор со германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, јави ДПА повикувајќи се на соопштение од Министерството за надворешни работи на Израел.
Саар се заблагодари за германската поддршка на правото на Израел на самоодбрана.
Германското МНР потврди дека разговорот се одржал, но не откри повеќе детали, ниту, пак, која страна го иницирала контактот. Ова е втор телефонски разговор меѓу Саар и
инистерство за одбрана
Израелските вооружени сили напВадефул откако Израел започна со нападите врз Иран во петокот.
Израел нападна објект на иранското Маднале објект на иранското Министерство за одбрана во централниот дел на Иран, во провинцијата Исфахан.
– Еден од центрите на Министерството за одбрана во Исфахан беше нападнат. Во моментот се врши проценка на евентуалната штета – изјави заменик-губернаторот на покраината, Акбар Салехи.
Израелската армија го потврди нападот преку објава на платформата Икс, наведувајќи дека мета бил воен објект во Исфахан.
Дали Израел спрема нови напади врз Техеран?
Израелската војска преку објава на социјалните мрежи на фарси јазик издаде итно предупредување до граѓаните на Иран да се повлечат од близина на воени постројки и објекти, поврзани со производство на оружје.
„Итно предупредување до сите ирански граѓани: Сите лица, што моментално се наоѓаат или планираат да бидат во близина на фабрики за производство на оружје и нивните поддржувачки институции, нека ги напуштат овие области веднаш и да не се враќаат додека не добијат поинакви насоки“, се вели во пораката на официјалниот профил на израелската армија на фарси јазик.