Background

Трамп со жестоко предупредување до глобалните противници

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл, поврзан со неговиот 79-ти роденден.

– Секоја друга земја ги слави своите победи. Време е и САД да почне да го прави тоа – рече Трамп.

Тој ја опиша американската војска како „најстариот огранок на најголемата борбена сила што човештвото некогаш ја познавало“ и испрати предупредување до глобалните противници.

- Advertisement -
Ad image

– Американските непријатели постојано учат – ако го загрозите американскиот народ, нашите војници доаѓаат по вас. Вашиот пораз ќе биде сигурен. Вашиот крај конечен. Вашиот пад целосен и потполн. Нашите војници никогаш не отстапуваат, никогаш не се предаваат и никогаш не попуштаат. Тие се борат, борат, се борат и победуваат, победуваат, победуваат – предупреди Трамп.

Тој изрази благодарност до припадниците на вооружените сили и до ветераните.

–  Благодарение на нивната извонредна служба и посветеност, 250 години, Америка стои исправено, Америка стои гордо и Америка стои слободно – истакна Трамп.

Парадата, во која учествуваа над 6.000 војници, 150 воени возила и 50 авиони, вклучуваше воздушен спектакл, коњичка единица и завршен падобрански скок со американското знаме пред Трамп.

Во САД се одржаа преку 2.100 протести

Истовремено, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над 5 милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

„Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп. Американците се храбри луѓе кои ја сакаат демократијата и нема да седат настрана додека администрацијата на Трамп го внесува нашиот Устав во машина за сечење – ниту, пак, ACLU ќе седи настрана“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation