Дали израелскиот премиер бара засолниште во Грција?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Авионот „Крило на Сион“, израелската верзија на „Ер Форс Уан“, полета за Атина од аеродромот Бен Гурион во петок наутро, додека Израел започна напад врз иранските нуклеарни објекти како дел од операцијата „Рајзинг Лав“, објави Јерусалем Пост.

Авионот, кој им служи на премиерот Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог како нивно официјално транспортно летало за време на меѓународни посети, замина за Атина во петок наутро поради страв од ирански одмазднички напад.

Дали Нетанјаху беше во авионот? Грчкиот портал pronews.gr пишува дека авионот слетал во Атина, но дека нема потврда дека Грција му обезбедила засолниште на Нетанјаху.

 

 

„Авионот на премиерот на Бенјамин Нетанјаху, наречен „Крило на Сион“, полета од Тел Авив во 11:22 часот утрово (локално време) и слета во Атина во 13:06 часот, додека израелските сили немилосрдно го бомбардираат Иран“, се вели во статијата.

Понатаму во текстот се вели:

„Според извештаите, немало израелско барање до Министерството за национална одбрана грчки борбени авиони да го придружуваат „Крило на Сион“. Се верува дека израелскиот владин авион го транспортирал израелскиот премиер во Атина. Се забележува дека израелските авиокомпании, Ел Ал, Аркиа и Исраир, исто така ги преместиле своите авиони надвор од Израел, на непозната локација, од страв од напади врз аеродромот Бен Гурион.

Не е првпат „Крило на Сион“ да полета за време на воена ситуација. Во април 2024 година, за вфеме на нападот на Иран врз Израел авионот одлета од базаа Неватим во северниот дел на Негев.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article