Во ерата кога Илон Маск испраќа ракети во орбитата, а Гугл мапс покажува дури и мравка на плажа во Занзибар, српската 40-годишна турбофолк пејачка Андреана Чекиќ одлучи да застане на топката. И буквално, затоа што според неа, таа топка всушност не постои.
Таа беше гостинка на телевизијата Курир и ја презентираше својата теорија за тоа дека Земјата е рамна површина, објави порталот 24 сата.
– Во Библијата, Земјата е претставена како создадена од Бога, нели? Дека е креација, како проект. А овој глобус и сè што ни кажуваат дека е, не се согласувам со тоа. Зошто се промени тоа? Ако Библијата е книга каде што се најголемите, единствените вистини, нели? Мислам дека овој модел на Земјата многу нè оддалечува од идејата за Бог, а со тоа и од идејата за слобода. Ти објасни дека ако не се вртиме околу Сонцето, тогаш Сонцето се врти околу нас заедно – изјавила Андреана.
Потоа водителот поставил прашање.
– И како е можно Сонцето да е тркалезно, Месечината и сè да е тркалезно, а само Земјата да е рамна? – ја праша водителот.
Таа длабокоумно му одговорила.
– Ова се стандардни прашања кои не се толку важни како нешто друго. Можеби, на пример, зошто не чувствуваме дека Земјата се врти толку брзо? Додека се вртиме околу Сонцето, Сонцето се врти околу нас. Зошто не чувствуваме дека Земјата се врти толку брзо? – објаснила пејачката со реторичко прашање.
Tagged as:
еве ги нејзините аргументи! Српска турбофолкерка објасни дека Земјата е рамна
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
