Повеќе од 200 авиони на израелските воздухопловни сили учествуваа во нападите врз Иран рано изутрината, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал Ефи Дефрин.
Тој на прес-конференција изјави дека борбените авиони употребиле повеќе од 330 парчиња муниција врз околу 100 цели во нападите, објави „Тајмс оф Израел“.
Дефрин, исто така, потврди дека Израел во нападите убил неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го иранскиот воен командант Мохамед Багери, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Хосеин Салами и началникот на Централниот штаб на Хатам-ал Анбија, Голам Али Рашид.
Израелската војска соопшти дека нивните борбени авиони се уште вршат напади врз иранските воени и нуклеарни објекти откако Израел утринава започна бран напади врз цели во Иран.
– Нашите пилоти нападнаа и се уште напаѓаат воени цели и цели поврзани со нуклеарната програма во различни области во Иран – изјави портпаролот на војската, бригаден генерал Ефи Дефрин.