60-годишниот Д.Б. од село Пискупштина бил приведен откако е затекнат како управува возило под дејство на алкохол на регионалниот пат Струга–Дебар, кај местото викано „Кореа“.
Настанот се случил на 10 јуни во 20:00 часот, кога полициски патролен тим запрел возило застава со струшки регистарски таблички. По извршената алкотест контрола, било утврдено дека возачот има дури 2,61 промили алкохол во крвта, што е далеку над дозволената граница.
„Возачот веднаш беше исклучен од сообраќајот и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило,“ информираат од СВР Охрид.
Случајот се води по член 297-а од Кривичниот законик, а полицијата апелира до граѓаните да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, бидејќи на тој начин директно го загрозуваат својот, но и животот на другите учесници во сообраќајот.