Background

Горан Марковиќ е нов извршен директор на Македонски телеком, а Сашо Димитријоски ќе раководи со Одборот на директори на оваа компанија

Горан Марковиќ е нов извршен директор на Македонски телеком, а Сашо Димитријоски ќе раководи со Одборот на директори на оваа компанија.

Ова е одлучено на вчерашната вонредна седница на одборот на директори на Телекомот.

Марковиќ доаѓа на местото на долгогодишниот директор на Македонски телеком Никола Љушев на кој му истекува мандатот на 30 јуни годинава.

- Advertisement -
Ad image

Според одлуката која е објавена на Македонска берза, Марковиќ ќе стапи на функцијата на 1 јули со мандат до 31 мај 2029 година, а Љушев останува во Одборот на дрректори на компанијата како неизвршен член.

Љушев, оди на нова позиција во Групацијата Дојче Телеком на проект за стратешка и оперативна трансформација на мрежата на Телеком за Европа.

Горан Марковиќ  во Македонски Телеком доаѓа од T-Mobile Полска, каде што од 2020 година бил на позицијата Главен комерцијален директор и Член на Одборот, постигнувајќи позитивен пресврт во комерцијалните резултати и подобрувања во оперативната ефикасност.

Тој е менаџер со богато искуство, со повеќе од 20 години на лидерски позиции во телекомуникациската индустрија, стекнато на различни меѓународни пазари.  Во текот на својата кариера, тој бил на високи раководни позиции во две од водечките интернационални компании во индустријата – Групацијата Дојче Телеком и Групацијата Теленор

Кариерата ја  градел извршувајќи различни одговорни функции, од раководење со национални деловни единици до стратешки функции и членство во управни одбори.

Горан има  искуство во повеќе  комерцијални области, вклучувајќи маркетинг, комуникации,  бренд-менаџмент  и продажба, и експертиза во водење на деловни трансформации, и остварување одржлив раст.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation