Полициска офанзива во Лос Анџелес, автобусите се полнат со луѓе во лисици

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Новинарот на Си-Ен-Ен, Мајкл Јошида, кој известуваше од центарот на Лос Анџелес, опиша како полицијата формирала кордон и се движела кон групата демонстранти, кои се разредувале по целодневен протест во близина на притворен центар во градот.

 

Според него, полицајците им дале јасен ултиматум – да се разотидат или ќе се соочат со апсење.

– Изгледа дека е издадена наредба за приведување – изјави тој, додавајќи дека видел автобус преполн со уапсени лица, врзани со лисици, како ги однесуваат од местото на протестот.

Уште еден автобус, рече тој, започнал да се полни неколку улици подолу.

На социјалните мрежи се појавија и видеа на кои се гледа како полицијата ги внесува уапсените демонстранти во автобуси.

Немирите во Лос Анџелес продолжуваат, со судири помеѓу демонстранти и полиција, при што биле употребени гумени куршуми, откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети кон полицијата.

Демонстрациите, насочени против имиграциската служба ICE, кулминираа во Литл Токио, во близина на трговскиот центар „Велер Корт“, каде што се собираа десетици демонстранти.

Телевизијата KABC емитуваше снимка од моментот кога демонстрант фрла огномет кон полицијата, по што полицијата возвраќа со солзавец, предизвикувајќи експлозија во толпата.

- Advertisement -
Ad image

Полицијата веќе неколку дена најавуваше дека ќе реагира со „соодветна сила“ на секој обид за насилство од страна на демонстрантите.

Во меѓувреме, Пентагон потврди дека претседателот Доналд Трамп наредил распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда и 700 маринци во Лос Анџелес, како дел од федералниот одговор на протестите што избувнаа по имиграциските рации.

Share This Article