Обвинителството утре ќе открие детали од истрагата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата освен бизнисменот Ристо Крмзов, обезбедила и уште две лица во рамки на истрагата за злоупотреби и затајување данок, чија штета се проценува на околу 15 милиони евра.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека под раководство на јавен обвинител, била спроведена полициска акција во која било обезбедено лице против кое уште во септември минатата година била отворена предистражна постапка. Покрај него, биле приведени и уште две други лица.

– Освен ова лице, обезбедени се уште две други лица – наведуваат од Обвинителството, кое за утре во 11:00 часот најави брифинг во Конференциската сала на ОЈО ГОКК на кој ќе бидат соопштени повеќе детали за кривичните дела и дејствијата.

Министерството за внатрешни работи утрово официјално го потврди апсењето на Р.К., кое било извршено по налог на јавниот обвинител.

– Oд страна на полициски службеници по насоки од јавен обвинител од ОЈО за ГОКК лицето Р.К. е лишено од слобода – соопштија од МВР.

Истрагата за случајот познат како „Крмзов“ е при крај. Ова беше потврдено уште во ноември минатата година, на брифинг со премиерот Христијан Мицкоски, кој тогаш најави дека наскоро ќе бидат објавени информации за злоупотреба на милионски суми поврзани со поврат на ДДВ на компании.

Во септември беше спроведена акција за даночно затајување во фирми лоцирани во Струмица, Скопје и Гостивар. Тогаш беа приведени четири лица, а државниот јавен обвинител соопшти дека е оформен предмет за даночна измама и перење пари, како и дека биле сослушани три лица, а за едно од нив биле предложени мерки за претпазливост.

Истрагата на надлежните органи открива дека повеќе милиони евра од Еуростандард банка биле префрлани на сметки во Турција, а, според медиумски извори, таа се проширува и на неколку струмички компании кои биле дел од финансиската шема на бизнисменот Крмзов.

Премиерот Мицкоски на 16 септември лани, во врска со последната акција за даночно затајување, рече дека оваа истрага е само дел од серија случаи кои ќе следуваат во претстојниот период.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article