Цените на бензините останува непроменета, додека дизелот и нафтата за горење поскапуваат за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Од полноќ поскапува и мазутот и тоа за 0,624 денари по килограм.
Според оваа одлука на РКЕ од полноќ цените на горивата ќе изгледаат вака:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,486 (денари/килограм)