Во Македонија никој не мрда со мал прст во врска со богатството што ни лежи под земја

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Изградбата на еден од најголемите рудници за бакар во Северна Америка доби зелено светло. Кон крајот на мај, Врховниот суд на САД одби да ја разгледува поднесената жалба на заедницата на Апачите, кои имаа намера да го блокираат развојот на рудникот за бакар „Resolution“ во Аризона. Рудникот е заедничка инвестиција на Рио Тинто и BHP. Resolution Copper се проценува дека е проект вреден 64 милијарди долари, кој ќе трае 60 години и ќе произведе 25% од предвидената побарувачка на бакар во САД за следните неколку децении.

Сепак, проектот кој датира од 2008 година беше подолг период одолговлекуван поради предлог за размена на земјиште со федералната влада во сојузната држава Аризона. Од рудникот ѝ предложија на федералната влада да ѝ се доделат 21,76 км2 еколошки чувствително земјиште во замена за парцела од 9,80 км2, на дел од која има дабова шума и го вклучува реонот Оук Флат. Токму пак во близина на Оук Флат се наоѓа и локалитет кој племето Апачи го смета за свето место.

Новата администрација на Доналд Трамп ги забрза процедурите и го поддржа отворањето на рудникот и развојот на индустријата. Подземниот рудник, кој претседателот Доналд Трамп го одобри во својот прв мандат пред да биде заменет од наследникот Џо Бајден, ќе обезбеди повеќе од една четвртина од побарувачката на САД за бакар и ќе биде клучен дел од планот на Трамп за зајакнување на рударството во САД. Последниот збор го имаше Врховниот суд, кој одлучи да се изземе и да важи одлуката на понискиот суд, според кој нема кршење на верските права со овозможување на размената на земјиште.

– Рудникот за бакар Resolution е од витално значење за обезбедување на енергетската иднина на Америка, инфраструктурните потреби и националната одбрана – изјави Вики Писеј, извршна директорка на рудникот.

Одлуката доби поддршка и од локалните жители и претставници од најблискиот град Супериор.

– Ова е пресвртница во еден многу долг процес. Ова е добра работа за нашиот град. За Супериор и за цела Аризона, овој проект ќе биде економска благодет – истакна Мила Бесич, градоначалничка на Супериор, од Демократската партија.

Трамп претходно го забрза процесот на издавање дозволи за 10 нови рударски проекти низ САД, давајќи им таканаречен статус FAST-41, што овозможува побрзи и потранспарентни процедури за одобрување. Во иста линија постапи и Европската Унија, која веќе н брза лента одобрува ископ на литиум, бакар, коблт и други критични минерали кои се неопходни за енергетска независност и за зелената транзиција. Македонија, пак, исто така може да се пофали дека има минерали, особено бакар, но проектите за нови рудници заглавија низ судските процедури и политичките одлуки, базирани на обвинувања од страна на активисти.

Таков пример е проектот за рудник за бакар во Иловица. Под притисок на дел од јавноста надлежните органи неколкупати го менуваа ставот за дозволите што ги добива инвеститорот за да може да ја реализира својата инвестиција.

Иако уште пред девет години компанијата „Еуромакс ресоурцес“ требаше да добие одговор за барањето за спојување на двете концесии во Иловица, Владата конечно во 2023 година позитивно одговори на барањето, но се пишмани по само неколку недели.

- Advertisement -
Ad image

Од „Еуромакс ресоурцес“ истакнаа дека инвестицијата изнесува 350 милиони евра само во првите две години од неговата изградба. Рудникот би овозможил да се генерираат приближно 1.000 директни работни места во фазата на изградба и 500 директни работни места во текот на работењето, како и дополнителни 2.000 индиректни работни места. Според проекциите на инвеститорот годишен прилив од околу 75 милиони евра би имале локалните домашни компании.

Инаку, изминатиов период нереализирани останаа најавите за рудник за бакар на Кожув на канадската фирма „Резервоар минералс“, потоа рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот конзорциум Сардич.

Share This Article