Газда на хотел во Кушадаси им повлекувал пари од кредитните картички

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турската жандармерија во округот Ајдин во голема операција разоткри измама со кредитни картички во туристичкиот град Кушадаси, со вкупна штета од речиси 30 милиони долари, објави „Туркије тудеј“.

Полицијата спровела координирани акции во окрузите Мугла, Измир, Анталија и во Истанбул.

Истрагата започнала по сигнал од трговска банка, која забележала сомнителни трансакции на сметки на странски клиенти. Нерегуларните трансакции биле проследени до ПОС терминали во два хотела во Кушадаси.

Главниот осомничен, сопственик на хотел, наводно собирал податоци од кредитните картички на туристи преку резервации, а потоа ги споделувал со поврзани бизниси, вклучително други хотели и компании за изнајмување автомобили.

По враќањето на туристите во нивните земји, од нивните картички биле повлекувани суми за услуги што не биле користени. Вкупната сума на измамата достигнува 1,15 милијарди турски лири (29,27 милиони долари).

Се тврди дека некои членови на криминалната група патувале во странство за да добијат дополнителни податоци за кредитни картички, кои потоа биле користени во шемата. Нелегалната добивка потоа била перена преку легитимни компании користени како параван компании. За да избегнат откривање, парите биле префрлани во мали износи преку техника позната како „штрумфирање“, а дел од средствата биле инвестирани во недвижнини.

Турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, соопшти дека се приведени 20 осомничени, вклучително и водачот на групата, сопственик на хотел. Најмалку 268 странски туристи се жртви на измамата.

Share This Article