Возачи од Штип и од Демир Хисар се лишени од слобода поради возење во алкохолизирана состојба.
„Денеска (08.06.2025) во 03.27 часот о Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.О.(42) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта.
На 07.06.2025 во 11.15 часот во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода З. Б.(39) од село Свето Тодори, демирхисарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,61 промили алкохол во крвта“, информира МВР.