Background

Хрватска ја враќа регрутацијата од 2026 година

Во Хрватска задолжителната основна воена обука во траење од 2 месеца ќе започне во јануари 2026 година, а регрутите ќе добиваат по 1.100 евра месечно, соопшти хрватската новинска агенција ХИНА.

Лицата, што поради верски или етички причини ќе побараат ослободување од воена служба, наместо тоа ќе минуваат тримесечна обука за цивилна заштита или 4 месеци ќе работат во општински или во градски институции, 5 дена во неделата по 8 часа дневно.

Министерот за одбрана, Иван Анушиќ, и началникот на Генералштабот на вооружените сили, Тихомир Кундид, вчера ги претставија клучните документи за повторното воведување на задолжителната воена служба, која беше укината во 2008 година.

- Advertisement -
Ad image

Анушиќ најави дека измените на законот треба да бидат усвоени во парламентот во септември или во октомври, по што ќе бидат испратени повици до околу 20.000 регрути кои ќе минат низ медицински прегледи.

Тој објасни дека поради променетата глобална геополитичка и безбедносна состојба, зачестените климатски катастрофи и поради слични предизвици, целта е младите да стекнат основни воени и кризни вештини, како и да се пополнат активните и резервните сили.

Првите регрути ќе пристигнат во касарните во јануари 2026 година. Воената обука ќе чини околу 20 милиони евра годишно, додека цивилната алтернатива ќе чини околу 15 милиони.

Според анкета на Министерството за одбрана, спроведена на 12.000 лица, 62% ја поддржуваат воведбата на обуката, а 67% би се одѕвале на повик за служба.

Жените се ослободени од задолжителната служба, но можат доброволно да се пријават за основна воена обука.

Хрватските државјани се впишуваат во воениот регистар на 18-годишна возраст, а се повикуваат на обука во календарската година во која полнат 19 години. Воената и цивилната обука може да се одложат до 29-годишна возраст во случај лицето да е студент, а спортистите можат да добијат одложување од една година поради меѓународни натпревари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation