Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението за предметот „Онкологија“, поднесен 22.5.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува.
„По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично-правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, по што биде насрочен термин за главна расправа. Терминот ќе биде достапен на календарот за судења на веб-страната на судот“, соопшти Кривичниот суд.
На обвинителна клупа ќе седнат поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и тројца онколози.