Со намалување на репрезентативот од 10 на 5% го либерализираме синдикалното движење, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
Стојаноски посочи дека на ваков начин ќе се постигнат две работи.
-Прво на ваков начин многу повеќе работници ќе бидат претставувани на економско социјалниот совет, а понатаму многу повеќе синдикати ќе имаат право на глас и ќе може да ги претставуваат работничките граѓани пред Владата и пред работодавачи. Ова е барање на европските институции нешто кое и кај нас во Собранието го соопштија претставниците кои дојдоа од европската конфедерација на синдикати, истото тоа го бараат и од светската конфедерација на синдикати – рече тој во емисијата „Отворено” на телевизија 24..
Според него, на ваков начин на синдикалното движење му се дава можност подемократски и посуштински да учествува во економско социјалниот совет и да ги претставува барањата на работниците.
Стојаноски истакна дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа голем дел работници немаа право на глас на економско социјалниот совет.
– Досега имам чувство дека голем дел од синдикалните организации кои претставуваа сосема солиден дел од работниците или институциите во нашата држава имаа чувство дека се оставени на страна бидејќи можеа да учествуваат на економско социјален совет, а не можеа да гласаат. На ваков начин ние сметаме дека правиме една правична ситуација – вели Стојаноски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
