Background

Германскиот производител на автомобили Фолксваген објави дека 20.000 вработени веќе потпишале договор за доброволно напуштање на компанијата, а отпремнината се движи од до 400.000 евра

Германскиот производител на автомобили Фолксваген објави дека 20.000 вработени веќе потпишале договор за доброволно напуштање на компанијата, а отпремнината се движи од до 400.000 евра.

Како што е објавено, околу две третини од заминувањата на вработените се однесуваат на преминот кон програма за предвремено пензионирање.

Компанијата со седиште во Волфсбург претходно усвои план за штедење, кој вклучува елиминација на вкупно 35.000 работни места до крајот на деценијата, првенствено во германски фабрики, објавува „Билд“.

- Advertisement -
Ad image

Исплатите за отпремнина за погодените работници зависат од должината на работниот стаж и би можеле да достигнат до 400.000 евра по лице.

Менаџментот на „Фолксваген“ и синдикатите кон крајот на 2024 година се согласија за мерки за заштеда за основниот бренд „Фолксваген“ кои предвидуваат намалување на трошоците за работна сила од 1,5 милијарди евра годишно.

Компанијата, исто така, најави дополнителни мерки за заштеда, така што од 2026 година бројот на годишни места за обука ќе се намали од 1.400 на 600, додека 130.000 работници од брендот „Фолксваген“ ќе мора да се согласат на период без вистинско зголемување на платата.

Планирано е пет проценти од заработката да бидат пренасочени кон фонд за флексибилни модели на работа, а годишниот бонус од 1.290 евра се укинува.

Синдикатот IG Metal тврди дека оваа договорена стратегија засега го спречила затворањето на фабриките на „Фолксваген“, но останува неизвесно дали ова ветување може да се одржи поради долгорочната криза во германската автомобилска индустрија, додава германскиот весник.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation