Background

Марин Ле Пен го пофали новиот претседател на Полска

Лидерката на крајно десничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен, во понеделник виде „добри вести“ во тесната победа на кандидатот Карл Навроцки на претседателските избори во Полска.

„Соочена со Европската комисија чии авторитарни политики и федералистички амбиции го брутализираат националниот суверенитет, победата на Карол Навроцки на претседателските избори во Полска е добредојдена вест. Тоа е отфрлање на бриселската олигархија, која има намера да наметне стандардизација на законодавството врз земјите-членки, спротивно на секоја демократска волја“, рече таа во порака објавена на Икс.

Реакцијата на Ле Пен доаѓа во момент кога неколку европски лидери му честитаа на новоизбраниот полски претседател. Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто рече дека изборот на Навроцки носи „нова победа за (европските) патриоти“.

- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен му честиташе на Навроцки изразувајќи увереност дека ЕУ ќе ја продолжи својата „силна соработка“ со Полска.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во понеделник го повика својот нов полски колега на соработка „врз основа на владеење на правото“, иако Навроцски се заканува дека ќе го заостри својот став кон Берлин и кон Брисел.

Во вториот круг од изборите вчера Полјаците го избраа 42-годишниот Карол Навроцки за свој нов претседател, историчар со хулиганско минато, претседател на Институтот за народно сеќавање, поранешен боксер, чија политичка инспирација е американскиот лидер Доналд Трамп и движењето МАГА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation