Background

50.000 руски војници чекаат команда пред портите на Суми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата, 28 мај, ненадејно ја прекина посетата на Германија за да се врати во Украина поради заканата од руски напад врз регионот Суми, напиша германски „Шпигел“. Зеленски имал во план од Берлин преку Дизелдорф да продолжи во Ахен за да присуствува на церемонија на доделувањето на наградата „Карло Велики“ која оваа година ја доби првата жена на ЕУ, Урсула Фон дер Лаејн.

Зеленски претходно изјави дека Русија распоредува 50.000 војници во близина на североисточниот украински Сумски регион, обидувајќи се да создаде тампон зона од 10 километри во таа област.

Според украински извори, Русија планирала да започне офанзива врз Сумската област уште во 2024 година, но планот бил нарушен од украинската инвазија на Курската област. Москва постојано алудираше на планови за создавање тампон-зона меѓу Украина и Русија во таа област.

- Advertisement -
Ad image

Андриј Демченко, портпарол на Државната гранична служба на Украина изјави дека Русија концентрирала доволен број сили во Курската област за потенцијално да започне напад врз украинскиот Сумски регион. Неговата изјава доаѓа во време на предупредувања за руска офанзива ова лето во регионите Суми и Харков.

Зборувајќи на националната телевизија, Демченко рече дека Русија почнала да собира сили кога се обидела да ги потисне украинските трупи од Курската област, каде што Украина започна операција во август 2024 година.

– Русија продолжува да одржува сили во Курската област, а Украина периодично открива „одредена промена во бројот на војници и опрема во областа – рече портпаролот.

Истовремено, Москва понуди втора рунда руско-украински преговори на 2 јуни во Истанбул каде што Русија би го претставила својот нацрт услови за крај на војната.

Во меѓувреме, Германија вети воена помош за Украина, а во воздухот остана прашањето за ракетите со долг дострел „Таурус“ за кои Зеленски во интервју за германски Ер-Те-Ел рече дека зборuвал со германскиот канцелар, но дека нема да се објават детали во јавноста.

Русија станува сè поактивна во Сумската област откако во голема мера ги потисна украинските сили од Курската област. Украинските власти неодамна потврдија дека руските сили зазеле четири села во Сумискиот регион во близина на границата: Новенка, Журавка, Веселивка и Басивка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation