Бебе старо два месеци било донесено без знаци на живот утрово на Детското одделение во Општата болница во Струга. Лекарите веднаш започнале со обид за реанимација, но за жал, немале успех – педијатарот констатирал смрт.
Веста ја потврди директорот на струшката болница, д-р Владимир Бунчески, кој информираше дека точната причина за смртта ќе биде утврдена по обдукцијата.
Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, родителите од едно село во струшкиот регион го донеле бебето во болница околу 8:30 часот наутро. По констатирањето на смртта, по наредба на јавен обвинител, било извршено судско-медицинско вештачење.
– Лекарот од судска медицина не констатирал траги на насилство. Полициски службеници од ОВР Струга извршија разговори со родителите и извршија увид во нивниот дом – изјави Димоски.
Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
