На 31 мај со почеток во 20 часот, величествената „Аида“ од Џузепе Верди, традиционално ќе го затвори 53. издание на фестивалот Мајски оперски вечери. Спојот на традицијата со визуелната иновација, преточена преку футуристичката виртуелна сценографија ќе ја одведат публиката на патување низ древниот Египет раскажувајќи приказна за љубовта.
„Аида“, магичното ремек-дело на Џузепе Верди ќе се изведе под диригентската палка на гостинката од Италија, Џана Фрата. Во продукција на театарот Карло Феличе од Џенова, Италија, претставата на сцената на Националната опера и балет ја пренесе и адаптира Дејан Прошев. Кореографијата е на Луиза Балдинети (Италија), концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.
Во насловната улога (Aида) ќе настапи, Дарија Мазиеро (Италија), во улогата на Радамес ќе настапи Џејмс Ли (Јужна Кореја), во улогата на Амнерис, Ненси Фабиола Херера (Шпанија), улогата на Рамфис ќе ја толкува Игор Дурловски, Фараон е Владимир Саздовски, Амонасро, Mарјан Јованоски, главната свештеничка: Александра Лазаревска Василевски, гласникот: Никола Стојчевски, балетски солист: Илијана Данилов, заедно со хорот, оркестарот и машкиот балетски ансамбл на Национална опера и балет.
Поставена во древниот Египет, операта спојува интимна човечка драма со величествени хорови, балетски сцени и моќна оркестрација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
