Background

Актерот Марлон Вејанс, јпознат по улогата во филмот „Scary Movie“, никогаш не се оженил, а сега ја откри и причината за тоа

Актерот Марлон Вејанс (52), јпознат по улогата во филмот „Scary Movie“, никогаш не се оженил, а сега ја откри и причината за тоа.

Марлон ги откри причините зад неговата одлука никогаш да не се ожени, па така Едиповиот комплекс доби нова верзија.

„Никогаш не сакав мајка ми да биде љубоморна на мојата сопруга“, изјави актерот за „Њујорк тајмс“, пренесе „Базфид“.

- Advertisement -
Ad image

 

Тој ја опиша својата мајка Елвира, која почина во 2020 година, на 81-годишна возраст, како „жена со големи барања“.

„Никогаш не сакав мајка ми да се почувствува како втора жена. Ѝ реков на смртната постела: Никогаш не се оженив затоа што отсекогаш сакав ти да бидеш мојата девојка број еден“. Тоа беа последните зборови што ѝ ги кажав. Реков: Однеси го тоа со себе во рајот“, изјави актерот.

 

Родителите на Марлон, Елвира и Хауел, со децении беа во брак и добија десет деца.

„Па, тоа е чудно, има толку многу браќа и сестри кои се во брак“, „Треба сериозно да разговараме околу тоа зошто свекрвите се љубоморни на своите снаи“, беа дел од коментарите по изјавата на Марлон.

Инаку од 1992 до 2013 година, актерот беше во врска со Анџела Закари, со која доби две деца, но врската не беше крунисана со брак од наведените причини.

„Добро е што не се си се оженил бидејќи во бракот мора да ја сметаш сопругата за најважната жена во светот“, му порачаа корисниците на социјалните мрежи на актерот, но од друга страна имаше и такви кои велат: „Постојат синови кои навистина ја ставаат мајката на прво место. Вие ги мразите вашите мајки, па затоа не можете да го разберете“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation