Возачот на автомобилот кој влета во толпа навивачи во Ливерпул во понеделникот, 26 мај, успеал да пристапи до патот откако следел возило на итната помош која му помагала на граѓанин за кој имало сомневање дека имал срцев удар, изјави помошничка на началничката на полицијата во Мерисајд.
Би-Би-Си јави дека улицата Вотер била затворена поради прославата на фудбалскиот клуб Ливерпул за да може екипата на брзата помош да му помогне на тоа лице. „Како и со сите големи настани, имаме вооружена полиција во текот на целиот ден. Немаше информации дека ќе се случи инцидент од ваков вид и не се третира како тероризам“.
Мет Кол, новинар на Би-Би-Си на местото на настанот, изјавил дека автомобилот првично бил бркан од група мажи „кои се обидувале да го удираат од страна и да фрлаат работи врз него“. Потоа автомобилот се превртел врз тротоарот откако се судрил со пешаци и се вратил на патот, оставајќи неколку повредени.
Бројката на повредени за време на прославата на клубот Ливерпул кој стана шампион во Премиер лигата, се зголеми на 65 лица.
Околу 50 лица добиле медицинска помош во болниците, а 11 лица биле примени во медицински установи и се во стабилна состојба, соопштија властите. Претходно, градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, соопшти дека четворица повредени лица сè уште се во сериозна состојба.
Полицијата повтори дека инцидентот не се третира како тероризам и ја повика јавноста да не споделува вознемирувачка содржина на интернет или да шпекулира за мотивите зад инцидентот.
Полицијата уапси 53-годишен маж од Западен Дерби кој е осомничен за обид за убиство, опасни прекршоци поврзани со возење и возење под дејство на дрога.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
