Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Македонија и Обединетото Кралство e објавен на веб-страницата на македонското Собрание. Целосниот текст може да се погледне на следниот линк.
За ова информираше Никола Мицевски, Фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Тој вели дека секој детал ќе биде транспарентен за јавноста во врска со, како што вели, историскиот договор.
„Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен, објави на својот Фејсбук профил Мицевски.
Ова, посочува тој, е историска работа за нашата држава.
„Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти. После стратешкиот договор со Обединетите Американски Држави – ова е уште еден огромен успех за Република Македонија“.