Background

ВИКЕНДОВ ПОДОБРО НЕ ТРГНУВАЈТЕ ЗА ГРЦИЈА

Сите што во следните денови планираат патување кон Халкидики треба да имаат предвид дека обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворена за сообраќај во двата правци – на потегот од Тријадрија до Пилеа – во периодот од 31 мај до 2 јуни.

За време на затворањето, сообраќајот ќе биде пренасочен низ центарот на Солун, што се очекува да предизвика поголеми гужви. Грчките власти ги советуваат возачите да ја избегнуваат обиколницата и да ги користат градските улици, но со посебно внимание поради можни застои. Патниците се охрабруваат да го следат движењето на сообраќајот во реално време преку платформата www.flyover.imet.gr

Дополнително, грчката влада најави итен план за модернизација на граничниот премин Евзони, еден од најфреквентните премини меѓу Македонија и Грција. Преку него годишно поминуваат околу пет милиони луѓе, а новите мерки се насочени кон намалување на времето на чекање и олеснување на влезот во земјата, особено во летната туристичка сезона.

- Advertisement -
Ad image

Во првата фаза се планира зголемување на бројот на службеници на самиот премин, што, според учесниците на состанокот, веднаш треба да придонесе за забрзување на пасошите и царинските проверки. Ова би ги намалило гужвите што често се формираат во текот на летните месеци на влезот во Грција, особено од правец на Србија и Македонија.

Втората фаза опфаќа обемна реконструкција на инфраструктурата на граничниот премин. Предвидено е целосно реновирање на објектот, паркинг просторот и организација на сообраќајот во преодната зона, а завршување на работите се очекува до 2026 година.

Фото: Принтскрин

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation